27.6 C
Прилеп
сабота, 20 јуни, 2026
Пела Радио

Прилепска промоција на „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска

Утревечер (13.3) во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, со почеток од 18.00 часот, ќе биде промовиран романот „Единствен матичен број“ од македонската писателка Лидија Димковска, во присуство на авторката. Романот е носител на традиционалната престижна награда „Роман на годината“ што ја доделува фондацијата „Славко Јаневски“.

Овој роман ја третира актуелната стварност низ призмата на авторската посебност. Романот говори за алиенацијата на човекот во новото „современо“ време, освестувачки роман за реалноста и светот околу нас, што заборавивме, како треба да го сакаме. Трогателна приказна за обесчовечувањето на човештвото. Роман – потрага по утопијата на идентитетот преку дистопија на животот.
Промотор на делото ќе  биде поетесата  Виолета Танчева Златева.
„Единствен матичен број“ е четврт роман на Димковска, која што живее и твори во Словенија, оставајќи траен белег не само во македонското, туку  и на светското книжевно творештво.

Лидија Димковска е македонска поетеса, прозаистка, есеистка, теоретичарка на книжевноста и преведувачка.  Завршила  Филолошки факултет во Скопје, а докторирала на тема од романската книжевност на Филолошкиот факултет во Букурешт, Романија. Работела како лекторка по македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Букурешт. Членка е на ДПМ од 1995 година.

Нејзините романи „Скриена камера“ и „Резервен живот“ наградени се со „Стале Попов“ од ДПМ.

Во  2013 година за романот „Резервен живот“, Димковска ја добила наградата за литература на Европската унија.

Би можело да ве интересира

Водици 2024 Прилеп: прва среќа за 24 годишниот Влатко Орданоски

Пела Редакција

Мицкоски од Прилеп: Македонската економија на 4-то место во Европа според растот на БДП

Божичен ручек за 500 деца

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе