20.1 C
Прилеп
сабота, 3 мај, 2025
Пела Радио

Пошумување во с. Мало Рувци – Ученици од “Кочо Рацин“- Прилеп засадија 2.500 садници

Наставници и ученици од ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп, со помош на ЈП „Национални шуми“, реализираа еко-акција за пошумување на опожарената површина во атарот на село Мало Рувци. Тие засадиија 2.500 садници од црн бор, багрем, јасен и леска, автохтони дрвца и веруваат дека со оваа акција ќе ја разеленат оваа површина, која беше неодмна опожарена  „Ова е нашата заедничка заложба за поздрава животна средина “ посочија учениците .

Минатата година оваа локација беше опожарена и претрпи голема штета од шумските пожари. Во август, бројни шумски пожари излегоа надвор од контрола низ целата земја. Само во Мариово од пожар биле зафатени 11.000 хектари шума, информираа од Европскиот информативен систем за шумски пожари.

Инаку, во еко акцијата се вклучи и градоначалникот на Прилеп, кој изјави:

„Голема благодарност до младите еко-херои, наставниот кадар, родителите и целата бизнис заедница за нивната поддршка. Ваков ангажман е доказ дека и најмалото дело може да направи голема промена.“ напиоша на ФБ профилот градоначалникот н аПрилеп кои присуствуваше на еко акцијата.

Сезоната на пожари во 2024 година сериозно ја зафати Македонија. Од почетокот на летото  изгореле повеќе од 85.000 хектари.

Би можело да ве интересира

Проданоски: дали за СДСМ Тутунски Комбинат е уште еден „бомбона бизнис“?

Пела Редакција

Презакажана вонредната седница на Советот на Општина Прилеп

Пела Редакција

Црковно-научна трибина: „1160 години од Моравската мисија на солунските браќа и просветители  Св. Кирил и Методиј“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе