23.2 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Рокот истекува на полноќ – слаб интерес на независни кандидатури за локалните избори

На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври.

Според Државната изборна комисија (ДИК), потписи за кандидати за градоначалници се собираа во 16 општини за вкупно 22 кандидати, а за советнички листи во 11 општини за 12 листи.

Најголем интерес имало во Демир Хисар, каде потписи собирале четворица кандидати за градоначалник. Во Скопје, Куманово, Охрид, Струга, Битола и уште неколку општини се појавија по еден или двајца кандидати.

Иако имаше најави дека гласачките ливчиња би можеле да бидат долги и по седум метри, поради голем број независни кандидатури, ако не се случи некое чудо до полноќ, веројатно и ливчињата нема да биде поразлични од оние кои што ги имавме во претходните изборни процеси. Бројот на кандидати не е толку голем, па гласачките ливчиња се поизвесно е дека ќе бидат во стандардна форма.

Би можело да ве интересира

Абрашоски: Искажани се невистини по однос на моето работење и толерирање кон управителот на Терминал ДООЕЛ

Сугарески кандидат за „татко„ на градот под Марковите кули од редовите на СДСМ

Бојмацалиев на работна средба во ОВР Прилеп, Крушево, ПС Кривогаштани и СВР Битола

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе