14.2 C
Прилеп
четврток, 18 јуни, 2026
Пела Радио

„Премин“ – изложба на фотографии од Горан Ристовски во Прилеп

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложба на фотографии „Премин“ од Горан Ристовски. Преку фотографскиот израз, изложбата ја прикажува безвременската привлечност на водата, доловувајќи ја нејзината сила, мистерија и непоколебливо присуство.

– Апстрактни и минималистички по природа овие фотографии овозможуваат отворена интерпретација, давајќи му простор на гледачот да ги проектира сопствените емоции, мисли или сеќавања. Фотографиите, освен романтичарскиот визуелен впечаток, се ехо кое упатуваат кон еколошките предизвици на загадување, климатски промени и човечко занемарување, прикажувајќи ја моќта и тежината на водата – темната, немирна површина како симбол на нарушената рамнотежа помеѓу човекот и природата – велат организаторите.

Би можело да ве интересира

Во населбата Жабино маало традиционално чествување на празникот Свети Никола

Екипата во футсал на „Ричко“ е четвртфиналист на Европското во футсал со реми над Белгија

Пела Редакција

Манифестација „Од 0 до култура“ – вечерва прилепската група „The Flames“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе