30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Екипата во футсал на „Ричко“ е четвртфиналист на Европското во футсал со реми над Белгија

Македонија е четвртфиналист на Европското во футсал, со момците од  СОУ „Ристе Ристески Ричко“ – Прилеп, кои ја преставуваат Македонија како државен првак во футсал првенството за средношколци, што се одржува во Бања Лука.
Попладнево , како втор натпревар денеска, Македонија се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство во футсал за средни училишта .
Учениците од СОУ „Ристе Ристески – Ричко” одиграа реми против Белгија 5-5.
Стрелци на головите за Македонија беа: Мартин Деркоски 2, Димитар Оклески 1, Бернис Селимоски 1, Андреј Петрески 1.
Македонија групната фаза ја завршува со победа и две ремија. Од која позиција ќе стартува во четвртфиналето ќе биде познато подоцна.
Градот Прилеп, СОУ „Ристе Ристески Ричко„ и Федеарацијата на училиштни спортови на Македонија им честитаа на младите фудбалери за успехот со зборовите „Горди на вас момци!

Би можело да ве интересира

Борачите од „Седми мај Прилеп “ започнаа со презентација на спортот во училиштата

Во штрајк и вработените во Македонски шуми-подружница „Црн Бор„- Прилеп

Пела Редакција

Новаци домаќин на Летен фолк хит на Македонија (ГАЛЕРИЈА)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе