23.2 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Дрворедите се обновуваат, но несовесните граѓани ги кршат за паркинг

Тековно врши замена на дрворедите,засадувајќи нови садници. Минатиот период биле засадени околу 150 зимзелени дрвца на повеќе локации во градот, итакна директорот на ЈКП Комуналец.

“Засадивме на Могилата на непобедените, исто така и во кругот на капелата на старите градски гробишта.  Бидејќи прашањето беше дали ги заменуваме, да, тековно ги заменуваме, сите оние местаи сите оние празни места коишто биле оштетени од, да речиме, греѓаните. Тековно вршиме замена на дрворедите.“,одговори Рубин Абрашоски,д ир. на ЈКП Комуналец, на новинарско прашање.

Абршоски тврди дека е запознат со тоа што на многу места има можност да се засадат садници. Но…?

„Ние многу имаме засадено дрвца , но колко млади дрвца, засадени ги имаат униште  греѓаните, можете да видите на потегот на улица „Васко Карангелевски“ или на улица „Прилепски Бранител“, заради правење на паркинг простор? Зотоа се останати  како празни  места за засадување дрвца. И, ева добра можност  да се подигне свеста на греѓаните, да ги чуваме зелените површини и дрворедите во градот “, вели тој.

 

В, сaбота, на денот на еко – акција за почит Прилеп под слоганот  „Еко мисија -Твој потпис за природата„ сo це лподигнување на свеста за подобра еколошка околина, најмалите и младите ќе се вклучат со  бојадисување на стеблата на дрворедите, како придонес за поубава и здрава животна средина .

 

Би можело да ве интересира

Невреме и силен ветар со брзина од 150 км/ час во Пелагонија – откорнат кров од зграда

На празникот Младенци во храмот „Св. Петка“ во Точила ќе се отслужи Заупокоена Божествена Литургија и Панихида

Јавен повик за поддршка на женското претприемништво во Македонија

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе