23.3 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

ВКЛУЧЕН ХИДРОАЛАРМОТ ЗА ПОПЛАВИ

Нови интензивни врнежи и заситената почва од дожд ја зголемуваат опасноста од брзо надоаѓање на водите во повеќе региони низ државата.

Делови од државата денес влегуваат во нестабилен хидролошки период, откако Управата за хидрометеоролошки работи издаде предупредување за можни излевања и локални поплави на 26 и 27 ноември. Битола, Прилеп, Ресен, Охрид и Струга, се во категорија со мала опасност. Но, УХМР предупредува дека ниските делови покрај Вардар, Брегалница, Пчиња, Струмица и Радика треба внимателно да следат како се движи водостојот, бидејќи токму тие реки најбрзо реагираат на нагли врнежи. Иако последните три дена имаше пауза од дожд, високата заситеност на земјиштето ќе овозможи побрза и понагласена реакција на сите речни текови“, информираат од Управата.

УХМР предупредува дека во услови на обилен дожд може да се појават локални излевања, активирање на помали реки и суводолници, па дури и заезерување на водата поради високи подземни води. Граѓаните се повикуваат на зголемено внимание, особено оние кои живеат покрај реки, ниви и ниски зони каде што водата најчесто надоаѓа прва.

Би можело да ве интересира

На Плетвар уапсени двајца скопјани нелегално превезувале 75 кгр режан тутун

Нови 64 Ковид случаи, едно лице почина како последица од вирусот

Тутунски откуп: За два дена се вклучува една компанија, а од понеделник сите останати

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе