24.2 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Убедлива победа на РК Прилеп во дуелот со РК Бутел

Ркометерите на Прилеп, со изворедна, динамична игра го совладаа Бурел од Скопје, кој го предводи некогашниот прилепски тренер Горан Кузманоски-Таста. Бутелци останаа беспомошни од налетот Димитар Димитриоски кои погоди седум пати и расположениот за игра,  Томислав Квастек кои постигна  шест гола, па на крајот на натпреварот  славеше Прилеп со 30-20.

Домашните поведоа на стартот со 5-0, па беше 7-1, 12-3, и уште мечот речиси не започнат беше јасно која екипа ќе ги осои бодовите и ќе биде победник на овој меч. Залудни беа инструкциите на гостинскиот тренер Горан Кузманоски, бидјеќи пред налетот на прилепчани на неговите избраници ништо не им одеше од рака.

На паузата ракометарите на Прилеп водеа со 15:7, а во второто полувреме немаше никакви возбудувања на теренот, бидејќи Бутел како да се предаде, па ракометните момците на Наум Танески само рутински ја доработија започнатата задача.

Следното коло Прилеп им гостува на Пролет.

Би можело да ве интересира

ПРИЛЕП СО ТРИУМФОТ ВО СТРУГА ГИ ВРАТИ ШАНСИТЕ ЗА ОПСТАНОК

Димоски : Треба заеднички сите да ја вратиме Победа на старите патеки (ВИДЕО)

Никола Димески

Иницијтива за обновување на ФК Варош – Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе