Лицето кое што во март оваа година, пукаше и застрела вработена во Маѓуопштинскиот центарот за социјални работи – Прилеп, денеска избегало од психијатриската болница, ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар, информира МВР.
–
Денеска (29.11 2025) во 17:00 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп на место викано „Мечкин Камен” во Крушево го приведоа А.Ј.(51) од Прилеп. Имено, претходно, во 13:35 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека од Психијатриската болница Демир Хисар, А.Ј.(51) од Прилеп се оддалечил од болницата, соопштија од МВР.
Наводно, лицето се заканувало на повеќемина додека полицијата не го фатила и привела во соседно Крушево.



