23.8 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Уште еден медицински подвиг: Денеска успешно изведена втора операција на рбет во прилепската болница

 Денеска е изврешена уште една  успешно операција на рбет во прилепската болница. Овој успех претставува значаен чекор во развојот на домашната здравствена пракса и потврда за високите стандарди на во прилепската болница.

„Со особено задоволство ја информираме јавноста дека денес, во нашата болница, беше успешно изведена втората сложена хируршка интервенција на рбетниот столб, повторно на лумбалниот сегмент. И оваа интервенција претставува важен чекор во континуитетот на развојот на ортопедско-хируршките услуги во нашиот регион.’ пришува на ФБ страната од ЈЗУ Општа Болница со проширена деност “Борка Талески“-Прилеп, кој патем денеска го одбележа и својот патрон празник.

Операцијата беше реализирана од Д-р Игор Мерџановски, во координација со колеги од Клиниката за ТОАРИЛУЦ, тимот од Одделението за ортопедија и трауматологија при прилепската болница , како и анестезиолозите Д-р Маргарита Пирганоска и Д-р Александар Димитровски. Интервенцијата помина успешно, уредно и без компликации.

На пациентот му посакуваме брзо и целосно закрепнување. Со оваа втора успешно изведена операција, уште еднаш ја потврдуваме нашата посветеност кон децентрализација на здравствените услуги и обезбедување квалитетна здравствена грижа поблиску до пациентите.“ се вели во објавата на ЗУ Општа Болница со проширена деност “Борка Талески“-Прилеп

Би можело да ве интересира

РК „Прилеп“ згасна

Градоначалникот Јованоски како лекар се вклучува во борбата со Ковид

Изложба „Ченто-биографија низ фотографија“ на отворено пред Участакот

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе