22 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Прилеп со највисока утринска температура, од вечерва дожд

Најниската температура утрово е измерена во Берово -2 степени, а највисока во Гевгелија, Претор, Прилеп и Битола со 4 степени.

Во Прилеп денеска облачно време со услови за слаб дожд попладне со максимална температура до 5 степени.

Во Македонија времето променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 5 до 10 степени.

Под влијание на влажен бран во следните два дена ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка до 15 cm. Поради спуштање на постуден воздух од север, во четврток врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Од петок ќе има стабилизирање на времето.

Би можело да ве интересира

Донација „УВ Гард“ – уред за дезинфекција од КОВИД 19 за прилепската болница

Градоначалникот Јованоски како лекар се вклучува во борбата со Ковид

Вечерва, концерт на духовна музика на хорот „Св. Петка“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе