19.1 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО)Алексовски: Заштитен бренд на прилепскиот тутун е квалитетот

Кога ќе се спомне тутун тоа веднаш асоцира на Прилеп, а Комбинатот е неизоставен дел од мозаикот во кој што токму оваа компанија беше темелот, а денес е локомотивата во тутунопроизводството и пласманот на оваа индустриска култура.За текот на откупот, за производството на цигари, за финансиската консолидација на Комбинатот, за стратешкото партнерство со Филип Морис, за остварените, но и за плановите што ќе следат разговаравме со првиот човек на Комбинатот Александар Алексовски, генерален директор на Тутунски Комбинат АД Прилеп:

  • Какви се оценките за текот на откупот како една од 10 те компании вклучени во кампањата?
  • Тутунарите бараат фер цени и рамноправна положба при договарање и утврдување на цените. Колку е ова остварливо? Што треба да се земе во предвид при утврдувањето на цените?
  • Со што ќе резултира непочитувањето на класната селекција на тутунскиот квалитет за реномето на македонското тутунопроизводство?
  • Како се одвива партнерството со Филип Морис во модернизација на технолошкиот процес за продукцијата на цигари?
  • Дали следната 2026 та година може да се очекува продолжување на стратешкиот договор со Филип Морис и голем исчекор во консолидацијата на Тутунски Комбинат АД Прилеп?

Плафонот на цени е веќе достигнат. Прилепскиот тутун не е баран на пазарот затоа што го има многу, туку затоа што има квалитет. И ние треба да се вратиме на тие стари патеки. Сметам дека во иднина треба добро да размислиме во кој правец ќе се движиме. Да не дојдеме во целост или делимично да го изгубиме тутунопроизводството. Со тоа ќе изгубат тутунопроизводителите, ама ќе изгуби и државата во извозот, бидејќи тутунот е една од земјоделските гранки од кои државата остварува најголем девизен прилив.

Би можело да ве интересира

Со Регионалната депонија во Новаци ќе се решава проблемот со дивите депонии во Пелагонија

Апел за помош за Наташа, прилепчанка која боледува од редок вид на рак

Дождот го изгасна огнот во Мариово – еколошката штета е од непроценливи размери

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе