15.1 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Апел за почист град! Комуналците за три дена собрале 98 црни вреќи со отпад од коритото на градската река

Kомуналните работници од ЈКП  Комуналец Прилеп, интензивно работат на темелно чистење на коритото на Градската река собирајќи отпадоци донесени со последните врнежи од дожд, но и од отпад несовесно исфрлан од граѓани и деловни субјекти на зелените површини од градската река и во нејзиното корито.

Од општината апелираат до граѓаните и сопствениците на бизниси кои гравитираат околу Градската река, отпадот да се собира и да се предава на комуналните работници, наместо да се фрла во реката и јавните зелени површини. Во текот на само три дена, комуналните служби собрале вкупно 98 црни вреќи со отпад, што, според надлежните, укажува на потребата од подигнување на јавната свест и културата на живеење.

„Секој отпад има свое место. Во општината на речиси секој чекор е поставена соодветна комунална инфраструктура за одлагање отпад, потребни се само одговорност и грижа за заедничкиот простор“, порачуваат од надлежните служби.

Од општината упатуваат апел за поголема грижа и љубов кон градот, со цел зачувување на животната средина и уредување на јавните простори.

Би можело да ве интересира

Дрвјата кои биле исечени на Булевар биле дотраени

Мермерниот комбинат и’ донираше на болницата коронарен стрес тест апарат

Пела Редакција

Локалното новинарство во Прилеп „на колена“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе