25 C
Прилеп
петок, 19 јуни, 2026
Пела Радио

Испиша историја! Злато за прилепчанецот Белистојаноски на ЕП во карате

Матеј Белистојаноски е европски првак во карате. Прилепскиот каратист, Матеј Белистојаноски ја освои титулата европски шампион на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 што се одржува во Лимасол, Кипар. Во финалето Белистојаноски беше подобар од грчкиот натпреварувач Георгиос Балиотис, кого го совлада со резултат 2-0.

Со сигурен и убедлив настап низ турнирот, македонскиот репрезентативец покажа одлична форма и најави успешна сезона, со очекувања за добри резултати и во сениорска конкуренција.

„Матеј Белистојановски со злато се враќа од Кипар – ова е момчето што не направи горди!“, пишуваат пораталите.

Уште еден медал за Македонија на ова првенство освои Немања Младеновиќ, кој стигна до сребреното одличје. Тој во финалето во кадетската категорија над 70 килограми беше поразен од Омар Ѓоргичијани од Грузија со 4-2.

Настапот на македонските каратисти уште еднаш покажа дека националното карате има сериозен квалитет, потенцијал и генерации кои ветуваат големи успеси и во иднина.

На Европското првенство учествуваат 1.205 натпреварувачи од 47 држави, што го прави едно од најмасовните карате-натпреварувања во Европа.

Би можело да ве интересира

Бабунски : И публиката и играчите и сите околу треба да знаат на кој начин игра Победа а потоа тие квалитети да се гледаат на дело (ВИДЕО + ФОТО)

Охрид излезе подобар од Вардар во Прилеп (Победа-Охрид 0:2)

Кадетите на РК Прилеп поразени од лидерот Струга

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе