23.8 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Во Пелагонискиот регион и пошироко, Црна Река бележи континуиран пораст

Обилните врнежи во изминатите 24 часа предизвикаа нагло полнење на речните корита и значително зголемување на водостојот, поради што Управа за хидрометеоролошки работи издаде предупредување дека состојбата може дополнително да се влоши.

Од Управа за хидрометеоролошки работи апелираат граѓаните да бидат крајно претпазливи и да избегнуваат движење покрај реки и водотеци во западните делови на земјата, а да се следи состојбата и во источните делови, каде се можни изолирани поинтензивни врнежи. Надлежните најавуваат редовно информирање доколку дојде до дополнително влошување на хидролошката состојба.

Во Пелагониски регион и пошироко, Црна Река бележи континуиран пораст, а како подрачја со можни излевања се спомнуваат делови од Демир Хисар, кичевско и пелагонискиот крај.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Незадоволните пензионери се здружуваат за остварување на правата

Ова се новите мерки кои ги донесе Владата против ширење на новиот бран

Репрезентативците на отворен турнир во забрзан шах

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе