21.1 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

За регионалното управување со отпад, Прилеп доби нова пратка канти

Општина Прилеп во рамките на „Регионално управување со отпад“ доби нова пратка канти за селекција на отпадот за домаќинствата. Од вкупно 8.318 канти од 120 литри, досега за општинава се испорачани 6.175. За Прилеп остануваат за испорака уште 2.143 канти. По комплетирањето на предвидениот број на канти Советот на Општина Прилеп треба да донесе Одлука со која истите ќе се отстапат на јавното претпријатие за да може да располага со истите и да ги распредели до домаќинствата. Граѓаните се интересираат кога ќе можат да ги добират кантите за селекција на отпад, велат од ЈКП Комуналец:

„ЈКП Комуналец ќе објави јавен повик до граѓаните кои не се вклучени во процесот на селекција на отпад да склучат договор со јавното претпријатие. Според планот и динамиката на распределба по населби, и евиденцијата за распределба по населби, најмал одзив имало во населбата Тризла и др. помали населби. Јавното претпријатие со лична посета на граѓаните од населбата ќе овозможи и жителите од населбата Тризла да се вклучат во процесот на правилно третирање и управување со отпадот, по принципот на селекција во две канти, со цел и насебата Тризла да добие ист третман како и останатите населби. Но сепак, останува желбата на граѓаните да се вклучат во проектот за селекција на отпад и менување на навиките во правилното третирање и управување со отпадот во оваа значајна населба за општинава, каде треба да се постават и испочитуваат принципите на правилно одлагање на отпад,“ велат од ЈКП Комуналец.

Со започнување на проектот за Регионалното управување со отпад, цената на услугата ќе биде различна за оние домаќинства кои селектираат отпад, и домаќинствата кои не селектираат отпад, а ќе ја утврдува Регулаторната комисија за отпад.

Проектот за Регионално управување со отпад е долгорочен и предвидува правилно третирање и управување со отпадот, со почитување на сите правила и користење на соодветна комунална инфраструктура.

Би можело да ве интересира

Прилепско активни два пожари, во Јасен ветрот ја влошува состојбата

Пела Редакција

Дома чисто – во паркот “бистро” – Вака прилепчани реновирале

(ВИДЕО)Антикорупциски караван во Прилеп – за граѓаните да земат директно учество во борбата против корупција

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе