30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Прилепско активни два пожари, во Јасен ветрот ја влошува состојбата

Според информациите од Центарот за управување со кризи денеска, 21 ви август, до 18 часот на територијата на Македонија  има вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни се 7, 1 под контрола и 12 изгаснати. Од седумте активни два се во прилепско: с. Беловодица – место викано Ливада и с. Лениште каде гори букова шума и во општина Долнени селата Стровија и  Долгаец каде гори мешана шума.

Најкритична е состојбата во Општина Македонски Брод во повеќенаменското подрачје Јасен каде активно е вкучена и македонската армија во гаснење на огнените јазици во мешана шума, а пожарот вечерва дополнително се засилува со ветрот;  Општина Струга: с. Подгорци (нискостеблеста шума), Општина Росоман: с. Дебреште (ниска вегетација);  Општина Кичево: с. Душегубица (ниска вегетација и ниска шума) и  Општина Студеничани: с. Горно Количани и с. Драчевица – планински врв Китка (мешана шума).

 

Би можело да ве интересира

Почина жител од Крушево од коронавирусот

Со таблици во боја ќе се препознаваат службените возила

Пела Редакција

Во тек дезинфекција на јавни површини, влезови на здравствени установи, работни простории во училишта и градинки

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе