16.4 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

По иницијатива на жителите сите заедно чистеа за чиста наслеба „Тризла“

Со месното население од населбата „Тризла“, каде  претежно живее ромско население, вработените од јавното претпријатие „Комуналец“- Прилеп, со алат, механизација и транспортни возила ги чистеа дивите  депонии, ромските гробишта, јавни површини и многу улици од оваа населба. Од ЈКП “Комуналец“ веруваат дека жителите од Тризла после оваа еко акција, по нивна иницијатива, во иднина ќе покажат поголема грижа кон животанта средина и ќе бидат пример како треба да се сака, чисти и почитува животна околина.
Граѓаните од Тризла покажаа високоразвиена свест и секое домаќинство се вкличи и  ја поддржа акцијата, така што сите заеднички и сложно чистеа пред својите имоти. Дел од нив се прикличија и кон чистење и косење на тревата во ромските гробишта, и, кон чистење на главните улици, како и помали диви депинии околиу населбата.
ЈКП „ Комуналец”, се вклучи и во чистењето на големи количини отпад во околината на оваа населба, ангажирајќи дополнително транспортни визила за собирање и транспортирање на купиштата отпад до депонијата во Алинци.

,,Никиогаш досега не сме виделе олку голема желба за чиста и здрава животна средина кај жителите од „Тризла,,- коментираа вработените од ,,Комуналец”, кои се жители на населбата. Да се надеваме дека во иднина сиот куќен отпад ќе биде одлаган во кантите за отпадоци или прописно спакуван до нив, а не расфрлан околу кантите или фрлан по улиците. А, обврска на јавното претпријатие останува да го собира комуналниот отпад од домаќинствата без ограничувања на количината“, велат од ЈКП Комуналец – Прилеп

Акција за почиста населба беше поттикната од самите жители од населбата Тризла, за да добијат чиста населба, особено за дочек на големиот муслимански празник, Рамазан Бајрам,  в петок на 20 март, сакајќи празникот вернците да го чекаат во чиста средина, а не со расфрално ѓуриште по улиците и со мини депонии во деловите на населба.

„Ако се цени по денешниот ден за ЧИСТО И УБАВО, населбата Тризла покажа и докажа дека само со организирани акции, заедништво и слога, чистото е убавина за живеење. Пораката за чиста животна средина е испратена, сега останува свеста  на жителите да биде поголема за почиста околина“, велат од ЈКП Комуналец

Би можело да ве интересира

Божиќен 20 ти jубилеен ручек во Прилеп во организација на Детската амбасада за сите деца во светот

Пела Редакција

Помош за Петар – требаат 40.000 евра за неговиот оперативен зафат

Пела Редакција

Католиците и дел од православните верници го слават Бадник

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе