По три основи Агенцијата за финансиска поддршка денеска изврши исплати кон сточарите за предадено млеко од Програмата за 2025 та, за одгледани или заклани говеда од Програмата за 2024 та и за произведени и продадени бројлери (еднодневни пилиња) од Програмата за финансиска поддршка за 2024 та година. Ова е соопштението од Министерството за земјоделство:
- Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека денеска се исплатени над 280 милиони денари на повеќе од 4.700 корисници на субвенции, како дел од програмите за финансиска поддршка на земјоделството.
- Од вкупниот износ, 269.947.935 денари се префрлени на 4.545 корисници до крајот на јуни. Овие средства се наменети за Мерката 2.3 – директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко, согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година.
- Дополнително, за Мерката 2.6 – дополнителни директни плаќања од подмерка 2.5 за одгледани или заклани грла говеда во регистрирани кланични капацитети, се исплатени 3.746.560 денари на 167 корисници, според Програмата за 2024 година.
- Во рамки на Мерката 2.16, исто така од Програмата за 2024 година, се префрлени 7.968.320 денари за произведени или продадени еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња од јајценосни хибриди.

