23.7 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Измамена старица од Прилеп од лажен инспектор кому му дала близу 3000 евра

Полицијата уапси 46-годишен маж од Скопје осомничен за измама, откако со лажна приказна успеал на жена од Прилеп да и земе 3.000 евра.

Имено, тој, според информациите од МВР, телефонски ја контактирал жената и лажно се претставил како инспектор кој наводно работи во странство. При тоа и соопштил дека нејзините внуци предизвикале тешка сообраќајна несреќа во која загинало дете и дека е потребна итна парична помош за „да се среди случајот” и еден од нив да не заврши во затвор.

Исплашената жена поверувала во приказната и оставила 2.000 евра и 1.000 долари на договорено место, по што измамникот ги подигнал парите.
По преземени мерки од полицијата, лицето било пронајдено и уапсено. Одреден му е притвор.
Ова не е прв ваков случај.Полицијата преку кампањи и апели ги опоменува старите лица да не веруваат на вакви измами. Но, години наназад во Македонија се повторуваат слични телефонски измами во кои измамници, претставувајќи се како полицајци или службени лица, извлекуваат пари од граѓани користејќи страв и лажни приказни.

Би можело да ве интересира

Пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога од Албанија-запленети околу 86 кг марихуана во вредност од околу 300.000 евра

Кривична за тројца прилепчани за тешки кражби, трговија со дрога и оружје

Пела Редакција

Тројца повредени во сообраќајна незгода

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе