23.8 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Проданоски на Светскиот ден со поддршка на лицата со Даунов синдром

Денеска, 21 март, се одбележува Светски ден на лицата со Даунов синдром – ден кој не е само симболика, туку потсетник дека различноста е сила, а не пречка. Денот е посветен на подигање на свеста за лицата со Даунов синдром и на промовирање на нивната инклузија во општеството.

Овој датум не е избран случајно: 21-виот ден од третиот месец симболично ја претставува трисомијата на 21-от хромозом, генетската карактеристика што го предизвикува Даунов синдром.

„Денеска ја истакнуваме нашата поддршка за сите лица во Прилеп и низ Македонија кои живеат со  Даунов синдром, со порака дека прифаќањето и разбирањето се темел на едно здраво општество.
Како локална самоуправа, остануваме посветени на креирање услови во кои секој има еднаква шанса да напредува и да живее достоинствено.“, напиша градоначалникот на Прилеп,Дејан Проданоски  на своја официјална ФБ страница, како поддр

Лицата со Даун синдром се рамноправни членови на општеството, со свои таленти, способности и права. Одбележувањето на 21 март не е само симболичен датум, туку потсетник дека општеството треба постојано да работи на создавање услови за поголема инклузија, разбирање и поддршка за лицата со Даунов синдром и нивните семејства.

Би можело да ве интересира

Расте бројот на крводарители-Црвен крст одбележува 80 години постоење (ВИДЕО)

Пела Редакција

Во прилепско Канатларци се славеше победата на Ердоган

Гориво за 2 денари помалку на бензинските пумпи НИТ ОИЛ

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе