22.4 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

Гориво за 2 денари помалку на бензинските пумпи НИТ ОИЛ

На двете бензински пумпи НИТ ОИЛ во Прилеп во близина на цигарната фабрика од Тутунски Комбинат и на влезот од Кривогаштани, од денеска се продаваат горива по цени кои се за два денари по литар пониски од оние кои ги соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). На овој чекор компанијата се одлучила од позиција на општествена одговорност.

„Нашите бензински пумпи НИТ ОИЛ како општествено одговорна компанија се приклучуваат кон иницијативата за намалување на цените на горивата“, стои во соопштението за јавност споделено на социјалните мрежи. 

Според одлуката на компанијата, бензинот Еуросупер од 95 октани се продава по цена од 84,5 денари за литар, додека бензинот од 98 октани ќе чини 86,5 денари.

Литар дизел на бензинските станици на „НИТ ОИЛ“  се продава по цена од 93,5 денари за литар која исто така е за два денари по литар пониска од онаа која ја одреди РКЕ – 95,5 денари.

 

 

Би можело да ве интересира

Уште една навика што ги краси прилепчани – најажурни во селекција на отпадот

Станкоски: Просечната откупна цена доправа ќе се движи по нагорна линија, според квалитетот

Внимателно! Утре, (19. 08. 2025 г.) боево гаѓање на стрелиштето “Леково“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе