15.6 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Поскапува дизелот, бензините со иста цена

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) горивото од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5 денари по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката, во која е вкалкулирано и намалувањето на ДДВ од 18 на 10 отсто, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,39 отсто.

Новата максимална малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 95,5 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС – 95 и натаму останува 86,5, а на ЕУРОСУПЕР БС – 98 останува 88,5 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,5 денари со што новата максимална малопродажна цена ќе изнесува 92 денара за литар. Малопродажната цена, пак, на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,157 денари за килограм и ќе изнесува 47,610 денари.

Би можело да ве интересира

Прилепски водовод нема да ја ја зголеми цената на водата ,но ќе ги бара парите од должниците

Изложба на скулптури од Синиша Новески во Прилеп

Министерот Трипуновски тврди: “Годинава нема потреба да увезуваме пченица!“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе