Социјалното претприемништво не е нова форма кај нас како бизнис модел во чија што основа се решавање на општествените, еколошките и економските предизвици. Има успешни примери кои опстојуваат во Македонија, иако системското решение – легислатива која ќе ги дефинира формата, начинот на функционирање и организирање на овие социјални претпријатија сеуште е во фаза на разгледување и доградување. Од 2021 та година предлог на законското решение е „заглавено“ на ИНЕР системот и сеуште се чека на конечната одлука од пратениците во Собранието за да биде ставен во функција како закон.
ЛАГ Агро Лидер реализира проект за новите можности за младите од руралните општини Долнени и Крушево преку развој на социјално претприемништво, заштита на животната средина и одржливо земјоделство. Активностите вклучуваат обуки и градење на основи за младински социјални претпријатија во областа на заштитата на животната средина, со фокус на управување со органски отпад, компостирање како потенцијален социјален бизнис и социо-економска интеграција на младите на пазарот на труд.
Формирање младинска земјоделска задруга како инкубатор за зелени идеи, одржливи рурални заедници, примена на нови методи во земјоделството и развој на еко-бизниси. соочуваат младите од руралните средини – недостаток на знаење и практични вештини – и создаваме основа за развој на одржливи, зелени и иновативни бизниси.
За тоа што е претставува социјалното претприемништво, како би функционирала една Младинска земјоделска задруга и кои се бенефитите од новиот закон за социјално претприемништво, разговаравме со Анастасија Смиле и Филип Димкоски вклучени во проектот „Младински зелени социјални претпријатија – нова енергија за руралниот развој“ :
Активностите се дел од проектот ‘RAISE CSOs – Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Северна Македонија’ имплементиран од страна на Младински Сојуз – Крушево во соработка со Центар за истражувања и анализи „НОВУС“ и Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, со поддршката на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Република Северна Македонија, ИПА програма за граѓанско општество 2022-2023.










