23.9 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Уапсен на „Табановце“измамникот од Прилеп кој зел 88.000 евра од сопруг на болна жена од Валандово

Б.К. (44) од Прилеп денеска е уапсен на граничниот премин „Табановце“. Според соопштението на МВР тој минатата година измамил сопруг на болна жена од Валандово, земајќи му 88.000 евра за наводно лекување во странство. Жената во меѓувреме починала, велат од полицијата.

Според досегашните сознанија, во периодот од јули до ноември 2025 година, осомничениот, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда лице од Валандово, прикажувајќи лажни факти дека ќе помогне во организирање лекување во странство за неговата сопруга.На тој начин, оштетениот во повеќе наврати уплатил вкупно околу 88.300 евра (5.549.200 денари), во меѓувреме, неговата сопруга починала.се вели во соопштението од МВР.

Осомничениот е изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гевгелија, при што му е изречена мерка за претпазливост.

Би можело да ве интересира

Двајца прилепчани влегле во конфликт со полициски службеници

Пела Редакција

Пронајден 65 годишен скопјанец починат покрај трактор во прилепско

Пела Редакција

Двајца прилепчани притоврени заради поседување марихуана

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе