27.4 C
Прилеп
сабота, 20 јуни, 2026
Пела Радио

(Видео) Интензивно се гради водоводната мрежа во с.Леништее

Започнаа градежните активности за изградба на водоснабдителниот систем во с. Лениште со кој трајно ќе се решави  проблем со водоснабдувањето на жителите на ова населено место. Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска заедно со градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски го посетиа с. Лениште.

Се работи за проект кој што ни’ е добиен преку програмите од Министерството за животна средина и просторно планирање. Два милиони денари ќе се инвестираат во ова населено место за конечно да се реши водоснабдувањето на ова село кое што е во непосредна близина на Прилеп, со што очекуваме понатамошен развој на ова населено место. Покрај тоа што сега важи за добра викенд населба, во иднина би можело да се очекува и  жители кои што постојано би живееле тука. Тоа се и основните приоритети на општина Прилеп, да создадеме услови за урбано живеење, како во населените мест,а така и во општина Прилеп.“ истакна градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.

Градежните работи се реализираат во две фази, појасни директорот на ЈКП “Водовод и Канлизација“ Прилеп, Ѓоко Јочкоски.

„Изведба на цевковод од каптажата до нов резервоар со капацитет од 100 м³, во должина од 1.930 метри и изведба на главен цевковод од резервоарот до потрошувачите во должина од 2.400 метри, како и секундарна мрежа за куќни приклучоци во должина од околу 640 метри, така  да ќе биди комплетно опфатено водоснабдувањето на населеното место Лениште и ќе може да се водоснабдуваат прилично голем број на корисници, имајќи во предвид капацитетот на цевководите и капацитетот на резервоарот којшто не го спомнав , а ќе биди  лоциран над манастирот и ќе биди со капацитет од 100 м кубни.  Со оглед на капацитетот на цевководите, повеќе од 100 приклучоци се возможни да се изведат без да има никакви проблеми по водоснабдувањето за сите.„ рече Јочкоски

 

Со поддршка од Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање, обезбедени се над 20 милиони денари, средства кои во целост се инвестираат во реализација на овој проект, посчи заменик министерската за животна средина  и просторно планирање, Ане Лашкоска.

Денеска,  тука,  можам да потврдам дека Министерството за животна средина и просторно планирање останува еден од најголемите партнери на општините, на локалните самоуправи, а таков е случајот и со општина Прилеп. Тука сме во село Лениште каде што со целосно средства од Министерството 2119,803 денари се гради водоводна мрежа. Така што ова населено место конечно ќе има и водовод и ќе се заврши со урбанизацијата. Исто така во исто време се работи водоводна мрежа и реконструкција на водоводната мрежа во индустриската зона и населеното место Селце. Станува збор за проект вреден 9779,604 денари. А во завршна фаза исто така ни е и проектот за промена на водородната мрежа од Јазол на булевар „Гоце Делчев„ со улица „Кузмани Јосифовски„ до јазол на улица Кузман Јосифовски со улица Ленин фаза хидротехника. Вредност на финансирање е 713,381 денар ,а  средствата се од Министерство за животна средина и просторно планирање. Имаме и други проекти коишто ќе го подобрат функционирањето на јавното водоводно претпријатие, проекти коишто ќе го подобрат функционирањето на јавното комунално претпријатие и на општината., рече Лашкоска

Сите овие проекти во Општина Прилеп, поддржани од Министерството за животна средина и просторно планирање, се очекува да бидат завршени до крајот на оваа, 2026 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Според склучените договори тутунската реколта 2026/27 ќе биде рекордна

„Подарок за градот Прилеп“ концерт на Националната опера и балет

Итен апел за одбрана на манастирот Св.Никола во с. Прилепец

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе