Интензивно се уредува индустриската зона кај Жито Прилеп. Комплетна инфраструктура е направена, од фекална канализација, амосферска канализација и водоводна линија, како и улично осветлување, а деновиве започна и асалтирањето на улицата која води во индурстриската заона. Улица е проектирана со ширина од 10 м со тротораи од двете страни со ширина од по метар и пол и 7 метри коловоз. Улицата би имала две ленти со по 3,5 метри, велат проектантите.

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски при увидот на овој инфраструктурен зафат и во разговор со проектатнтите, очекува да заживее овој простор со нови индустриски канапцитети.

Новопроектирана сервисна улица во нова таканаречена индустриска зона во близина на фабриката Жито Прилеп е долга 392 метри улица. Нејзиното асфалтирање ќе значи дополнителен развој на индустриските капацитети во Прилеп. Како Општина Прилеп со овој потег очекуваме ова овој простор да заживее, да се отвараат нови индустриски капацитети и со тоа ја потврдуваме нашата заложба дека работиме на подобрување на општата слика во стопанството во Прилеп и да ги охрабриме сите домашни и странски инвеститори да побараат овде простор и да почнат да градат свои капацитети Со изградбата на оваа улица ги обезбедуваме сите предуслови за да се даде сериозен развој на овој простор во градот, рече Проданоски

