ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Автобус со работници се преврте кај Битола

1.404

Автобус кој утрово превезувал работници во фабриката „Кромберг и Шуберт“ се превртел од патот на излезот од индустриската зона „Жабени“ во Битола. Полицијата потврди дека несреќата се случила утрово околу 6,30 часот, кога автобусот превезувал патници од ноќна смена и се движел кон Битола. Според првичните проценки, повредени се пет лица, од кои дел  вработени и шоферот. Сите се вон животна опасност.

Од Битолската болница соопштија дека петмина повредени биле амбулантски третирани, со полесни повреди и не се хоспитализирани, информира порталот www.apla.mk  

Министерството за внатрешни работи соопшти првични официјални информации за несреќата во која автобус полн со патници се преврте во битолско.

-Денес во 06.28 часот во СВР Битола било пријавено дека на излез од фабрика во близина на с.Жабени, битолско, на пат за Битола, се превртел автобус со патници. До сега од несреќата како повредени со телесни повреди се пријавени тројца патници и возачот, а помош им е укажана во Клиничка болница Битола, информираат од МВР .

Полициски екипи на лице место извршиле увид.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе