ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Брилијант“ од Витаминка со поддршка за ТВ серијата „Преспав“

880

Поддршката од Витаминка за хумористичната серија Преспав продолжува и во третата сезона со вклучување на маслото за јадење Брилијант како еден од реквизитите во ситком-от. Брилијант како и другите производи од Светот на вкусовите на Витаминка стана дел од оваа хумористична екранизација на македонскиот живот и ќе се испреплети со приказната, ситуациите и животите на јунаците од серијата.

За истата цел, компанијата сними и рекламно видео кое е дел од новата кампања на Брилијант и каде се вклучени дел од актерската екипа на серијата, Ула (Тијана Дапчевиќ), Марио (Васил Зафирчев), Талат (Дритон Вејсели) и Коста (Игор Ангелов).

Рекламата се снимаше во студио на МТВ, каде се снима и новата сезона на Преспав. Креативниот и тимот кој беше задолжен за реализацијата е составен од Вардан Тозија како режисер, Дејан Димески како директор на фотографија, а е во продукција на Идеа Плус.
Витаминка го поддржува снимањето на серијата Преспав уште од самиот почеток и на тој начин го помага развојот на современата македонска ТВ продукција

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: