ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Бутел пресилен за Прилеп

784

Новиот ракометен суперлигаш Бутел беше пресилен за екипата на Прилеп. Со убедлива победа од 31-18 домаќинот славеше над прилепчани. До оваа убедлива победа ракометарите на Бутел стигнаа најмногу благодарение на проблемите со лиценците на дел од ракометарите на прилепчани, кои на овој дуел играа со само осум ракометари. Прилеп целиот меч го одигра со шест ракометари во поле и двајца голмани
Домаќинот уште од самиот старт по само 10 минути игра успеа да постигне десет гола, а да прими само еден. Разликата се зголемуваше како одминуваа минутите па тренерот Котевски им даде шанса на сите расположени ракометари.
Најдобри поединци во победничката екипа беа Жегарац и Георгиевски со по пет гола, додека Чупетрески постигна скоро половина од головите за Прилеп (8).

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: