CSS Template

Чалгија саунд систем ќе го промовира вториот албум “Тихувај”

61

Најновиот музички поход на Чалгија саунд систем ќе биде на овогодинешниот Локум фест во Битола, каде што официјално ќе се случи промоцијата на нивниот втор албум Тихувај. Ова парче музика, како што си го нарекуваат, а зад кое се потпишуваат самите тие, е еден вид сврзно ткиво меѓу некогашната и сегашната убавина, меѓу она што го слушале и она што секој од нив го носи во себе како своја музика и музички јазик. Станува збор за „авторска музика преку која го покажуваат нивното видување на спојката меѓу вечната инспирација – чалгијата и современиот електронски звук. Бидејќи се работи за тематски албум инспириран од приказната на Силјан Штркот, Чалгија саунд систем на својата публика ѝ порачува да се препушти на патот кој ќе ја одведе преку седум гори и седум мориња сѐ до местото каде што по долго патување се осознава вистината“…
Концертот е закажан на 22 јули (среда) во 21 ч во пациото на Музејот во Битола кад ќе се почитуваат сите препорачани мерки за заштита. Бројот на местата е ограничен, а картата чини 100 денари.


semm
Vivafarm
Farma Dolneni