ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Денеска е Меѓународенот ден на шумите, а пораката е јасна: здрави шуми значат и здрави луѓе

607

Денес го одбележуваме Меѓународниот ден на шумите, и никогаш порано немало поголема причина да го насочиме нашето внимание кон овие скапоцени природни ресурси кои зафаќаат третина од копнената површина на Земјата. Толку многу им должиме на шумите. Во текот на минатата година, шумите им помагаа на луѓето да останат безбедни и здрави за време на пандемијата КОВИД-19.
Многумина од нас се потпираа на основните шумски производи направени од хартија и картон, вклучувајќи опрема за лична заштита и пакувања за достави до дома. За други, шумите овозможија простор за вежбање на отворено, зајакнувајќи го нашето здравје и дух. Но, за ранливите луѓе ширум светот, шумите дејствуваат како витални безбедносни мрежи, обезбедувајќи извори на храна и приходи кога синџирите на снабдување се нарушени.
Ова е дополнително на извонредните придобивки кои шумите од секогаш ги давале: функционирајќи како понори на јаглерод, прочистувајќи ја нашата вода, снабдувајќи храна, гориво илековити растенија за над милијарда луѓе и поддржувајќи ја егзистенцијата на стотици милиони повеќе.

Како и да е, КОВИД-19 го разбуди фактот дека здравјето на животните, луѓето и животната средина
се меѓусебно поврзани. Мора да признаеме дека уништувањето на шумите и неодржливото користење на шумите во светски рамки значително го зголемуваат ризикот од болести предизвикани од патогени кои се пренесуваат од животните на луѓето.Приближно 70 проценти од заразните болести кои почнаа да се појавуваат и скоро сите неодамнешни епидемии потекнуваат од животни, особено од дивиот свет.Кога се сечат шумите за да се прошират земјоделските површини или пасиштата и кога побарувачката од урбаните суровини за дивеч како луксузна ставка предизвикуваат прекумерна експлоатација, контактот меѓу луѓето, добитокот и дивиот свет се зголемува. Па така и ризикот од следната голема пандемија. Пораката е јасна: здрави шуми значат здрави луѓе.
Сепак, нашите шуми остануваат под закана. Во последните 30 години изгубивме 420 милиони хектари шума преку уништување на шумите и пренамена на земјиштето, пред се за проширување на земјоделството. Ова уништување е ризик за здравјето на глобалното население, ослободува штетни гасови кои ја загрозуваат климата, се заканува со истребување на растенија и животни и ја загрозува егзистенцијата на луѓето кои зависат од шумите. Па, што можеме да сториме за да го зачуваме здравјето на шумите и на самите себе?
Прво, треба да ги запреме практиките за масовна конверзија на шуми во земјоделско земјиште, со оглед дека е можно да се нахрани растечката глобална популација без да се сечат шумите. Второ, мора да се справиме со нелегалната трговија со диви животни, притоа почитувајќи го фактот дека дивите животни остануваат суштински извор на храна и приход за милиони домородни народи и локалните заедници. Трето, треба да инвестираме во обновување на деградираните шуми за да воспоставиме здрави екосистеми – што е во фокусот на годинешниот Меѓународен ден на шумите.


екадата на Обединетите нации за обновување на екосистемот започнува оваа година и претставува
можност да се унапреди обновувањето на шумите низ стотици милиони хектари, со обнова на
деградираното земјиште. Исто така, дава можност за многумина да имаат корист од зелените
работни места и можностите за генерирање приходи, помагајќи при економско закрепнување од
пандемијата КОВИД-19.
Исто така, треба да запомниме дека секое дрво е важно. Малите проекти за садење и реставрација
на шумите можат позитивно да влијаат на здравјето на луѓето. Урбаното позеленување овозможува
почист воздух, разладување и позитивно влијае на менталната и физичката благосостојба на луѓето
во градовите. Секој од нас има можност да направи разлика на микро ниво, од дворови до градини
во заедницата.
Нека денешниот Меѓународен ден на шумите најави нов почеток за обновување на нашите шуми и
создавање поздрав свет за сите нас.

Со задоволство споделуваме: Eдиторијал од заменик-генералниот директор на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), Марија Хелена Семедо.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: