ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

И, младите прилепски фудбалерки успешни како и сениорките

938

Во Прилеп се чини женскиот фудбал нашол одлчен терен, благодарние на долгогодишното искуство и негување на овој спорт, но и поддршка од спонзорите за негово функционирање и одржливост. И, тоа вродува со резултат. Покрај успешноста на сениорската екипа, која доминира во првенството, не изостанува ни квалитетот на младинската екипа, која исто, како и возрасните фудбалерки, безмилосно ги полни мрежите на своите противници и преставува непокорен противник, како на домашен, така и на гостински терен.

Денеска и покрај снежното време, на стартот на Младинска женска фудбалска лига, во одбрана на титулата (првото место минатата сезона), младинската екипа на ЖФК Деспина на домашен терен, високо убедливо, ја победи гостинската екипа на ЖФК Габер од Кавадарци со резултата 12:1 – полувреме 8:0.

Убедливата победа на стартот од младинскиот шампионат, само беше мотив за младите фудбалери на ЖФК Деспина, предводени од Кате Милеска, да ја спроведат задачата, да ја одбранат шампионската титула од предходната сезона, потврдуваќи дека и тие како и сениорките, знаат да играат фудбал и да ја “решетат“ противничката мрежа.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе