ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Деспина поразена од Металург

658

Ракометарките на Деспина иако мотивирани и со желба да издвоуваат победа, не успеаа на домашен терен да ја совладаа екипата на Металург, која знаеше да бидат незгоден противник .Па,  победат  23:29 беше само потврда дека не случајно Металург е во водечката тројка од Супер женската ракометна лига.

Средбата почна со подобра игра на домашната екипа. Деспина влезе одлично во натпреварот и поведе. Но, минималното водство не гарантираше мирно продолжение на дуелот, па Металург брзо успеа да го сврти натпреварот во своја полза. На одмор се замина со 13:11 во корист на Металург.Па ,потоа во вториот дел од натпреварот , иако во неколку наврати ракометарките на Депсина имаа шанси да се доближат до резултатско изедначување, сепак,  работите тргнаа во поинаков правец за домаќинките, па гостинките со право ги понесеоа бодовите во Скопје.

Судии на натпреварот беа Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Саше Јанкулоски од Битола.

За ДЕСПИНА настапија: Димитриеска, Ристевска, Боризоска, Гулеска, Рипилоска, Камческа 7, Димоска, Цветкоска 2, Спиркоска, Димитрова 1, Еленин, Цаневска, Седлоска 5, Аризанова, Конеска 5, Филипоска 3.

За екипата на МЕТАЛУРГ настапија: Илјаз, Паскал, Гугуљанова 2, Ѓорѓиевска 1, Владева, Ивановска 2, Гулиоска 3, Тасевска 4, Смајлоска, Арсениевска 3, Младеновска, Алексоска 3, Дамчевска 3, Божиновска 6, Петковска, Николиќ 2.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе