ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Џез звуците на првата фестивалска вечер на Prilep Jazz Weekend освежување на културното прилепско мени

519

Вечерва започна џез фесивалот во Прилеп и го збогатаи културното мени овој викенд под градот на Марковите кули. На летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“  џез слчувањата се одвиваа под протокол на препораките за заштита кои ги налага новонастанатата ситуација на одржување на јавни настапи.

Публиката, редиуцирана и на одредена дистанца, оваа вечер уживаше во менито кој го понуди фестивалот  „Прилеп Џез-викенд“ (Prilep Jazz Weekend), кој се одржува по деветти пат. Премиерата на документарецот „Jazzman – The form as a verb“ од џез теоретичарот, новина и диџеј Велибор Педевски кој долго време живее и твори во САД беше првиот почеток на отворањето, а по неговото прикажување следуваше концертот кој џез вљубениците го очекуваа,  на повеќемината македонски џез музичари,  кои и се добро познати на прилепската публика, инструменталисти: Трајче Велков (труба), Зоран Костадиновски (гитара), Горан Гешовски (бас гитара) и Виктор Филиповски (тапани) , кои овојпат на фестивалот им го понудија авторскиот материјал обединети под името СКОПЈЕЏЕЗИНК.

Организаторите,  Здружението за (суб)култура ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, велат дека и двете цели и предизвици за овогодишното организирање на џез фестивал се остварени: промоција и поддршка на македонскиот џез (во тривечерната програма се  вклучени џез бендови од Македонија) и почитување на мерките и препораките од Владата и Комисијата за заразни болести за заштита на публиката и учесниците,со мерење на температура при влезот, со задолжително носење на маски и дистанца на публиката.

Утре, втората фестивалска вечер ќе се отвори со квартетот на Оливер Јосифовски , а веднаш потоа ќе настапи „Светлост“. Добро познати се и двата бенда, а „Светлост“ се и со повеќе албуми и добро се рангирани и во Европа. На третата вечер од фестивалот прво ќе настапат „Next to Silence“, а честа да го затворат ќе имаат  „Бернајс Пропаганда“ кои се дефинитивно еден од најуспешните и меѓународно признати андерграунд музичари“.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: