ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Гајдата и кавалот ќе засвират на Рудина во Долнени. Започнува фестивалот “Пеце Атанасоски“

523

Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ , започна вечерва со отворена изложба на народни носии и традиционални експонати, експонати презентирани од женското Здружение Преродба -Прилеп, кој ја негуваат традицијата,

а веќе утревечер, петок, од 19 часот на камената бина на плоштадот Александрија во Прилеп ќе се чуе гајдата , кавалот, тапанот и изворната македонска песна, со што и официјално ќе започне 46 издание на еден од најреномираните национални културни манифестации во Македонија , каде се негува изворниот мелос.

Во сабота, Фестивалот се сели на традиционалното место , на Рудина во Долнени,(18,00 ч)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

каде учесниците ќе настапат на начин кој ќе се спроведува поради пандемијатa, со сите заштитни мерки за изведувачите, но и за публиката. На фестивалот оваа година ќе земат учество 120 изведувачи поделени во неколку групи.  А,  истиот ден, сабота,  од 11 часот во ликовниот салон е симпозиумот на тема „Фолклорот во минатото и денес“ со промоција и на зборник на трудови.

Фестивалот, кој поради короната беше одложен од почетокот на јули, започна со едукативниот семинар „Традиционалната култура во Прилепското поле“ што се одржува онлајн изминатите денови.

Мисијата на фестивалот е презентација на фолклорот, размена на искуства и зачувување на древните и драгоцени вештини на свирачите на народни инструменти и пејачите на изворни песни. Покровители се Министерството за култура и ЛС на Прилеп и Долнени, а годинава беше отпечатен вториот зборник на трудови „Фолклорот во минатото и денес“.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: