ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Дневен центар за децата болни од церебрална парализа

546

 

Во Прилеп се отоври најавуваниот, втор, Дневен центар за деца  со церебрална парализа во Р. Македонија. Во него секој работен ден, осумчасовно ќе бидат згрижени околу 50 –тина деца. Родителите среќни што заедницата помагнала за отворање на Дневниот центар велат дека ова е голем бенефит за децата ,бидејќи  покрај социјализацијата ќе добијат и едукација, а  родителите ќе  имаат можност да работат, и да придонесуваат во семејството  со својот труд

Министеркста за труд и социјална политика, Мила Царовска беше на отворањето. Таа истакна :„Треба и лицата од Дневниот центар да ги изнесе во општеството, но и општеството да влезе во ваквите дневни центри. Да имаат заеднички активности со детските градинки, со старските домови, со пензионерските клубови, затоа што само така може да создадеме едно општество кое има разбирање и е посветено на инклузија на сите групи на граѓани“, истакна  Царовска,

„Со процесот на децентрализација, општините имаат обврска да започнат креирање на сервиси за поддршка на граѓаните со хендикеп, како и да развие различни регулаторни механизми кои на граѓаните со хендикеп ќе им овозможат поактивно вклучување не само во процесот на креирање на сервисите, туку и во процесите на нивно спроведување, мониторнг и евалуација изјави Елена Кочоска  од Полио Плус, при отворањето на Дневниоте центар,но и на и панел дискусијата во организација на движењето против хендикеп Полио Плус,кое се одржа во СОУ „Кузман Јосифоски-Питу“ во Прилеп

Во Прилеп живеат над 100 лица со церебрална парализа. Дневниот Центар за лица со церебрална парализа е  проект за кој  Општина Прилеп инвестираше над 4 милиони денари. Центарот ќе функционира како дел од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа-Прилеп

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: