ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Доделени наградите „3-ти Ноември“ по повод Денот на ослободувањето на Прилеп

919

 

На свечена седница на Советот на Општина Прилеп градоначалникот Илија Јованоски вечерва им ги честиташе и им ги врачи наградите „3-ти Ноември“ на годинешните лауреати.Највисоката награда за животно дело му беше врачена на доајенот и основоположникот на архитектонската дејност во Прилеп, дипломираниот инженер архитект, Душко Најдоски.

Објектот на „Комерцијална банка“, „Стоковната куќа“, „Деветтокатницата“, Основниот суд, зградата каде што е сместена прилепската полициска станица, најголемиот дел од населбата „Точила“, станбените комплекси на улица „Димо Наредникот“, голем број основни училишта во Прилеп, најголемиот дел од објектите на Тутунскиот комбинат, Сладарницата, фабриката за цигари …  Овие се само мал дел од објектите чијшто креатор е Најдоски. Тој исто така е и најзаслужен за изградбата на регионалниот водовод „Студенчица“.

„Ова за мене е посебно големо признавање и го добивам во најдобро време кога мојата проектантска дејност е завршена. За мене претставува награда за целокупното мое работење и затоа мене ми е особена драга. И не само за мене, туку тоа е и сатисфакција за членовите на моето семејство, кои на еден начин беа позаборавени, бидејќи јас бев премногу вклучен во изработка на проекти, не само во Македонија, туку и на просторот на цела поранешна Југославија, а работев и во Турција.Така што можам да се пофалам дека низ сите републики во Црна Гора, во Далмација, Србија, БиХ, има мои дела. И инвеститорите, они коишто се живи, сеуште ми се јавуваат и сеуште изразуваат задоволство од оние објекти коишто се градени по мој проект“, изјави Најдоски, лауреатот на наградата за животно дело“.

Свечената седница на Советот на Општина Прилеп ја отвори претседателот на Советот, Миле Талевски.

„Сакам во мое име и име на Советот на Општина Прилеп да го честитам доделувањето на најпрестижната награда на град Прилеп, наградата „3-ти Ноември“.

Претседателот на Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, Тони Камчески ги соопшти наградените.

Освен наградата за животно дело беа доделени и награди – плакети и награди – дипломи.

Наградите – плакети по повод 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп  се доделија на:

КУД ,,Мирче Ацев’’ (ветерани) од Прилеп, за меѓународна промоција на културните вредности на Општина Прилеп;

Мото клуб ’’Синови на громот МС’’-за промовирање на мото-културата и органирање на многубројни хуманитарни активности;

 – Детска амбасада за сите деца во светот- за дваесет годишна активност во областа на заштитата на правата на децата;

З дружение РОМА С.О.С– за едукација на ромското население;

Наградите – дипломи по повод 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп, им се доделија на:

Василе Димески– за достигнување во областа на литературата и добитник на престижната награда ,,Державин’’ за 2017 година;

Александар Стојкоски– за врвни достигнувања во планинското трчање и меѓународна промоција на Општина Прилеп;

Миле Спирковски– за придонес во одржувањето на родната куќа на великанот Блаже Конески;

Во својот празничен говор градоначалникот Јованоски истакна дека Општина Прилеп со гордост го чествува овој историски датум и со посебен пиетет се сеќава на херојското дело на борците, кои што на овој ден воделе крвави битки на сите страни од градот.Најжестоката битка се одвивала кај месноста „Песјобрдце“, во која загинале 237 храбри борци, вградувајќи ги своите животи во денешната слобода.

 

Освен советниците, на свечената седница во собраниската голема сала на Општина Прилеп присуствуваа бројни гости, пратеници во македонското Собрание, раководители на прилепските институции, претставници на јавниот живот во градот, здруженија и граѓани.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: