ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Jавна дебата за жителите од Општина Кривогаштани

517

В недела, на 5 ти ноември во 18:00 часот, во општинската кино-сала во Кривогаштани, ќе се одржи јавна трибина, на која жителите  од оваа  општина ќе имаат можност да го искажат својот став и мислење ,се со цел заеднички, со жителите, локалната самоуправа да се донесе одлука за тоа кој предлог е најприфатлив за користење на поволни кредитни  средства, за реализација на два клучни проекти во оваа општина:

  • Промена на 300 улични сијалици со нови ЛЕД-економични светилки.
  • Адаптација на стара училишна зграда во Кривогаштани во музеј.

Локалната самоуправа ги  поканува сите жители на општината Кривогаштани активно  да земат учествуво, се со цел  транспаретно да се донесе правилна  одлука за реализација на два клучни проекти!

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе