ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Донации од вработените на Комфи Ангел и компанијата и покрај пандемијата

1.735

Компанијата „Комфи – Ангел“ продолжува да ги почитува мерките за заштита од коронавирусот , па, и редовната средба со вработените и менаџерскиот тим беше  одржана на социјална дистанца и задолжителното носење заштитни маски.  Компанијата и за време на пандемијата не отстапува од мисијата која е зацртана во нејзиното 15 годишно работење   „ Градиме компанија и после нас! „ и покрај светската пандемија  и економската криза,

 

„Оваа ситуација не е тука дојдена да си замини веднаш. Ова е нов начин на живот , ново време, нова ера и  што подобро и побрзо се прилагодиме, тоа подобро е за сите нас. Јас се гордеам со Вас што досега, во овие три/четири месеци од вонредната состојба, немам добиено ниту еден негативен коментар од Ваша страна или забелешка за нашето работење , а се што беше дадено како задача беше реализирано.  Исплатена е и 13 плата на 17 вработени. Тоа е успех и благодарност до вас , но мора да продолжиме да се грижиме секој за себе и сите за компанијата, која, пак, се грижи, за нас!.„-  посочи  Ирена Јакимовска, менаџерот на компанијата пред своите вработени.

Донациите од вработените со помош на Црвениот крст

стигнаа до социјално загрозените семејства

При оваа средба менаџерот , Ирена Јакимовска им се заблагодари на вработените и  за нивното несебично учество во донирањето на средства за помош на социјално загрозени семејства.  Компанијата ја надополни таа финансиска поддршка од вработените и заедно со Црвениот Крст на Македонија донациите беа доделени на семејства чија помош во ова време на пандемија им беше најнеопходна .

„Но , тука не прекинуваме! Ние како компанија продолжуваме да помагаме онаму каде што е потребно. Со производството на маски, чувствуваме морална одговорност , да му вратиме на опшеството. Од тие причини помогнавме и во изработката на иновативниот апарат за дезинфекција на вируси, наменет за Општата Болница „Борка Талески“- Прилеп. А,  и континуирано ќе продолжиме  да им помагаме на нашите здравствени работници“ – рече Јакимовска

Инаку, неодамна општата болница „Борка Талески“-  Прилеп доби донација „УВ Гард“ – Тоа е иновативен уред кои преку УВ зраци врши дезинфекција на површини и воздух од вируси и бактерии. „УВ Гардот“ е изум на македонските иноватори, Никола Глигоров и Ивица Поцков од Свети Николе ,а  финансиската помош за негова изработка за прилепската болница ја добија од компанијата   „Комфи Ангел„

   „Солидарниот фонд“ во рацете на Рубинчо Ристески

Солидарниот фонд кој секој месец им се доделува на вработените, половина за вработен кој има здравствени проблеми, а половината како лотарија за среќен вработен, овој пат стигна во рацете на  Рубинчо Ристески .

“Работам 14 -сет години во магацин, како вилушкарист , транспортен работник, шофер. Кога веќе работам 14 -сет години во оваа фирма , тоа значи дека сум задоволен од условите за работа и можностите што ни ги нуди компанијата. Прв пат сум добитник на наградата од редовната месечна лотарија , а , ако ме прашате ,„за што би ги потрошил парите?“ би одговорил “ Дали нема за што?!“ –  со насмевка одговори Ристески и продолжи да го вози вилушкарот.

Нели, синтагмата е „Задоволни работици – успешна комапнија !„

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе