ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Нов бунар за повеќе пивка вода за жителите од с. Канатларци

689

Село Канатлрци ќе нема повеќе проблеми со вода за пиење. Селото доби нов бунар, со што планирано е водоснабдувањето да биде редовно, а водата да ја има во секој дом .

„Во бунарот кој беше избушен пред 10-тина дена , мерени се 1,5 литри вода во секунда, а во наредниот период ќе се носи линија до постојниот резервоар .  А , кога овој бунар,  кои има 7 литри вода во секунда, ќе профункционира, кога оваа водата ќе биде ставена во употреба , најмногу  зависи кога Електродистрибуција ќе донесе стурја“-  рече Емил Јанески, дир. на ЈКП „Водовод и Канализација„- Прилеп

Жителите велат дека 25 години се соочуваат со недостигот на пивка вода за пиење и ова преставува можност нивниот децениски  проблем да биде решен.

„Заврши 25 годишната сага на жителите од с.Канатларци . Избушен е бунар за пивка вода, па по тестирањата на ЦЈЗ –Прилеп, овој бунар ќе биде ставен во употреба за неколку дена. Одсега овие жител ќе имаат редовно вода за пиење ,но и вода , поила за стоката . Ќе се подобри и патната инфраструкутра . Од идната недела во с. Канатларци ќе започне  реконструкцијата на патот во должина од еден километар.“ – ја искористи можноста да соопшти градоначалникот на Прилеп , Илија Јованоски, за инфраструктурното уредување во овој дел од Општина Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: