ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

МЗШВ: Земјоделците без дозволи, надвор од атарите на своите села, да се најават во општинските кризни штабови

1.300

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство со соопштение ги известува земјоделците дека продолжуваат да важат трајните дозволи за време на полицискиот час за да можат да ги обавуваат редовните работни обврски како и претходно. Оние кои што немаат трајни дозволи за работа, надвор од атарите на своите села, ќе треба да го најават своето движење во општинските кризни штабови.
– Земјоделците коишто имаат работни обврски на своите земјоделски површини на фармите, а кои се наоѓаат во атарот (место на живеење) на селото во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.
Земјоделците чиишто земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото/градот каде што живеат и треба да патуваат од едно во друго село, да сообраќаат по регионален пат, а имаат работни обврски поврзани со производството, потребно е да имаат дозволи за движење и да ги носат со себе. Во тој конеткст, сите претходно издадени дозволи за движење за време на забрана за движење, кои имаат назнака „трајни“, продолжуваат да важат и во овие денови од 4ти до 8ми јуни.
Земјоделците кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности, треба телефонски да ги известат Општинските кризни штабови во местото на живеење, каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност. Напоменуваме дека Општинските кризни штабови нема да издаваат дозволи за движење, туку само ќе ги евидентираат земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици (Одделение, Станица, ОВР, СВР), се вели во соопштението од МЗШВ.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе