ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Дрвјата кои биле исечени на Булевар биле дотраени

355

Повторно две дрва се отстранети  од дрворедот на Булеварот “Гоце Делчев„ со неговата реконструкција. Тоа предизвика реакција кај граѓаните ,па некои од нив тоа го коментираат и вака  „ ако  чинарот во Охрид го сечеа вака , досега немаше да има толкаво вековно спомен -дрво!„

По  информациите дека постои реакција кај граѓаните поради двете исечени дрвја на ул.„Прилепски бранители“, Општина Прилеп го испрати следното соопштение:

 „Со изградба на булеварскиот дел на ул.„Прилепски бранители“, оперативно техничките стручни служби на ЈКП „Комуналец“- Прилеп утврдиле две проблематични дрвја со скоро трул корен, со локација кај семафорите пред поранешната Градска кафеана. Според мислењето на стручните служби на јавното претпријатие, дрвјата претставуваат потенцијална опасност за минувачите и материјалните добра, заради што од локалната самоуправа на Општина Прилеп побараа да ја утврди нивната состојба и да издаде Решение за нивно сечење. На основа на барањето на ЈКП „Комуналец“, четиричлена комисија на локалната самоуправа, формирана од градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, изврши увид при што констатира дека дрвјата се дотраени и дека е потребно нивно сечење. Од тие причини, со цел отстранување на опасноста по минувачите и материјалните добра, Одделението за комунални работи при ЕЛС Општина Прилеп, на ЈКП „Комуналец“ му издаде Одобрение за нивно сечење.„

 

Инаку,  минатата година на 05.07 2019  ,при остварувањето на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер  , до оддлението за општински патишта и улици прашавме дали ќе се отстрануваат дрвјата од дрворедот при реконструкцијата на Булеварот „Гоце Делчев„ . Добивме известување на 17.07 2019 од надлежните служби дека соглано програмата за уредување на градежно државно земјиште, булеварот ќе се реконструира, но нема негово прширување ,туку само менување на функционалноста на елементите : како што се разделен појас, коловозни ленти , велосипедски патеки и тротоари, а  “ дрворедите остануваат од двете страни на булеварот“-   се вели во информацијата  добиена како одговор на нашето барање.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: