ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Два пожара во Прилеп, повреден пожарникар

1.806

Претпладнево, два пожари речиси во исто време во Прилеп, во населбата Марино Мало каде  избувна пожар во семејна куќа и пред влезот на Мало Коњари во викендичка. При интервенциите повреден бил еден пожарникар.

-Околу 10 часот имавме пријава за пожар на улица Октомври бр 64, првично е интервенирано со 2 возила со постоечките сили што ги имаме. Во истото време имавме и пред Мало Коњари, пред влезот, исто на викендичка на куќа. Интервенирано е со 2 возила и со 5 пожарникари. Времето е идентично, на настанатите пожари. Пожарот и на двете куќи беше избиен на кровот, односно ние викаме во разбувтана фаза, во развиена фаза со со паднат кров.

На улица Октомвриска дел од покуќнината од наша страна и од граѓани е извадено тоа што можеше да се спаси од покуќнината. За жал имам една неубава вест, имаме повреден еден колега – пожарникар. Интервенираше Брзата помош и тој е пренесен во прилепската градска болница, вели Јосе Јорданоски од ТППЕ Прилеп.

Со состојбата на опожарената куќа во Прилеп се запозна и градоначалникот Илија Јованоски.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе