ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Два случаи на фотографирање гласачко ливче, едниот, во Општина Кривогаштани

712

Министерството за внатрешни работи соопшти дека регистрирани се два случаи на фотографирање гласачко ливче, а нема регистрирано нарушување на јавниот ред и мир во текот на гласањето.
Во 11 часот и 40 минути на гласачко место 1515 во село Обршани лицето К.П. со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Поради ова имало прекин на гласањето. Од страна на полициски службеници се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Исто така во 9 часот и 5 минути на гласачко место во градинката „Лале срничка” во Општина Аеродром претседателот на Избирачкиот одбор го забележал лицето Р. Ѓ. (36) како со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Р.Ѓ. е приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Забележан е инцидент утринава во 6 часот и 11 минути кога во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место во ОУ „Дрита” во село Рашче била оштетена влезната врата, но Изборната комисија констатирала дека нема проблеми со избирачкиот материјал и гласањето започнало во предвиденото време без проблеми.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: