ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ДВА УБАВИ И ДВА ЧУДНИ ГОЛА ВО ПРИЛЕП (Видео)

1.308

На пријателскиот меч на теренот кај Могилата во Прилеп, каде Победа со 3:1 го совлада радовишки Детонит, првиот гол за прилепчаните беше одличен потег на 18-годишниот Христијан Јосифоски. Со удар надвор од шеснаесетникот, налик на она што го гледаме на Европското првенство, топката заврши во горниот десен агол.

Вториот гол за домашните беше по прекрасно изведен слободен удар од страна на врсникот на Јосифоски, Давид Јошески. Топката ја упати над живиот ѕид, во небранетиот горен лев агол (ВИДЕО).

Чуден беше првиот гол на мечот, единствен за гостите. Топката од лево во широчина беше упатена кон одбранбената линија на Победа, но притоа отскокна и продолжи до осамен гостински напаѓач кој лесно ја упати кон небранетиот гол. Последниот погодок, трети за домашните, падна ненадејно. Гостинскиот играч Коцевски се одлучи да ја врати топката назад, но така силно ја шутна, што таа прелета над главата на голманот и мрежата се затресе со автогол.

Следниот меч е со Братство Житоше в сабота, пак на Могила.

Четворица нови

За Победа, покрај неколку нови младинци, одиграа и четворица нови. Тие влегоа во второто полувреме: Христијан Кукески, Игор Момировски (Слога Виница), Бојан Спиркоски (Велешта) и Дарко Дигаловски (Саса). Се очекуваат уште два-тројца до почетокот од второлигашкото првенство на 21 август..

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: