ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Кејски ѕид на реката и нова улица „Кеј 1-ви Мај„

839

Со изградбата на целосно новата улица „Кеј 1-ви Мај“, Општина Прилеп ги започна градежните активности за подобрување на патната инфраструктура на територијата на целата општина.

„Должината на новата улица изнесува 650 метра, која опфаќа и изградба на кејски ѕид во должина од 170 метра. Истовремено, започнаа работите и на улица ‘Целе Мавроски’ чија должина е околу 320 метра, а следува изградбата и на ‘Цане Илиески’ и ‘Трајко Николоски’. Ова се четирите улици кои ќе бидат комплетно изградени, со целата потребна инфраструктура. После тоа, следува реконструкција и рехабилитација на голем број улици во градот и населените места“, изјави градоначалникот Илија Јованоски, најавувајќи ги интензивните работи на полето на патната инфраструктура, кои континуирано ќе се одвиваат во летниот период.

„Ќе бидат реконструирани улици во вкупна површина од 22.000 м2, што опфаќа нивно тампонирање и асфалтирање, како и рехабилитација, односно гребење и асфалтирање на улици на површина од 18.000 м2. Течат активностите за поставување бекатон плочки на тротоари на површина од 5.500 м2. Во моментов веќе се работи на уредување на тротоарите на улица ‘Тризла’, а ќе се изврши нивелирање на 160 шахти низ улиците во градот“, потенцираше градоначалникот Јованоски.

Со реализација на сите планирани градежни активности за реконструкција на улици и патишта, значително ќе се подобри патната инфраструктура на целата територија на општина Прилеп.  

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: