ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Две децении од крвавиот настан кај Карпалак – Пендаровски, Мицкоски… во Прилеп

701

 

Претседателот на државата, делегации на локaлната самоуправа, владини преставници и партиски преставници, преставници од граѓански здруженија и роднините на загинатите 10 прилепски бранители на Карпалак , денеска положија цвеќе и се поколонија пред спомен обележјето „Карпалак„ во Прилеп, во чест на прилепските бранители, кои на 8 август 2001 година ги дадоа своите животи бранејќи ја слободата на Македонијa.

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Прилеп, присуствуваше на одбележувањето на 20-годишнината од загинувањето на прилепските армиски резервисти кај месноста Карпалак и положи цвеќе пред комплексот „Карпалак“ во центарот на градот и оддаде почит на Горан Миновски, Сашо Китаноски, Веби Рушитоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и на Дарко Велјаноски.

Делегација од Владата предводена од министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на спомен – обележјето во Прилеп положи венец со цвеќе во спомен на десетмината бранители, припадници на Армијата кои во 2001 година го загубија својот живот кај месноста Карпалак на патот Скопје – Тетово.

„Се навршија 20 години од загубата на војниците од резервниот состав на Армијата, кај Карпалак. Им оддаваме почит на Сашо, Нане, Бранко, Марко, Ердован, Љубе, Дарко, Веби, Горан и Пеце, кои дадоа сè, го дадоа својот живот за својата држава и тоа нема никогаш да го заборавиме.
Овие храбри и пожртвувани десетмина ја платија највисоката цена, во најтешкиот период за татковината. Кога стоевме на чекор од бездната. Слава им“, сподели Шекеринска.

Гарадионачалникот на Прилеп , прставници од Советот на Општина Прилеп, исто така се поклонија на хероите и им оддадоа почит на загинатите сограѓани кои ги положија своите животи за татковината.

И, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес во Прилеп положи свежо цвеќе на споменикот на загинатите кај Карпалак и им изрази сочуство на семејствата на загинатите бранители.Тој притоа даде изјави за медиумите и рече:

„Ова што денеска го видовме овде во Прилеп од страна на претставниците на локалната самоуправа и на владата, претставува еден исклучително лицемерен чин кон жртвата на овие луѓе, бидејќи ако навистина се сеќаваа на минатото и жртвата која што во минатото голем број Македонци ја дадоа за Македонија, тогаш во најмала рака денеска ќе се извинеа за сето тоа што го правеа и го прават овие 4 години, не само во Македонија, туку и тука во Прилеп. „

Покрај другото, тој го изрази својот став и за новите мерки против ковид што Владата ги донесе и ќе важат од 16 август, а се однесуваат за организирани настани, семинари, конференциии, посета на угостителски објекти на затворено и истакна дека мерките ги отфрла како квази мерки „кои нема да ги заштитат граѓаните туку само дополнително ќе ги поделат и истите ќе воведат вештачка и непримерна контрола и ќе го уништат бизнис секторот.„- рече тој

Четувањето во чест на 10 прилепски бранители кои загинаа на Карплак пред 20 одини во конфликтот 2001 година започна рано утрото кога делегации  ги посетија вечните почивалишта на загинатите на градските и на гробиштата во населените места, а во црквата „Света Петка“ во нас.Точила се одржи панихида за загинатите. Централното чествување беше точно напладне  пред споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп.

Кај Карпалак загинаа бранителите Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: