ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Eat Xpres – никнува нов ланец за брза храна во Прилеп

1.582

Брза и вкусна храна на дофат за време на паузите од работа или по порачка за дома – тоа е новиот ресторан Eat Xpres во Прилеп кој се наоѓа пред влезот кај Комфи Ангел.
Вкусни сендвичи, хамбургери, чизбургери, пици, мекици, пијалаци …
Компанијата Комфи Ангел влегува во нов сектор од развојот – услужна дејност за брза храна.

 

– Идејата дојде и беше иницирана од еден од менаџерите на компанијата Јане Ѓорески кој што е голем љубител на еден познат ланец на брза исхрана и хамбургери. Јас морам да признам дека немам многу искуство во овој сектор, а моето дополнување на менито беше со мекиците. Одлучивме во рамките на компанијата да отвориме и за вработените, но и за целата јавност во нашиот град и околината. Да овозможиме нешто поинаку, нешто повкусно, нешто што би не направило посреќни. Доколку сте квалитетен купувачите ќе бидат секогаш до вас, вели Ирена Јакимоска косопственик на Комфи Ангел.

Eat Xpres работи од 6 часот, па се до 22 часот навечер. Може да се прави испорака на храна во договор со такси компаниите, а наскоро ќе има и испорака до врата по барање.

– Моментално имаме хамбургери, чизбургери, пици, тост, ход дог, тост, сега засега тој е асортиманот но, планираме да го прошириме со готвени јадења во наредните неколку месеци. Квалитетот е на прво место, вели Ѓорески.
Eat Xpres е нешто ново во градот, што го нема, најважно е сите да бидат задоволни со понудата , да бидат сити и повторно да се вратат во ова симпатично катче кое нуди вкусна храна за брзо гасење на гладот и жедта.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: