ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Еурокомпозитовци повторно на улица

858

Напладне застанаа на регионалниот пат Прилеп – Велес, на излезот од Прилеп, кај т.н Склештен мост, кај Плетвар, за да го блокираат сообрајќајот  и на таков начин да ја изкажат својата мака и да бараат работничка правда, но беа отстранети од полицијата,  бидејќи штрајкот бил ненајавен. Но, сепак еден час стоеа од  страните на патот, во својата безизлезна намера, незнаејќи како поинаку да допрат до надлежните.

Иницијативниот одбор на работници на Еурокомпозит прогласени како технолошки вишок, 154 -ца, бараат да им се исплатат 16-те заостанати плати, придонесите и дел од отпремнината, која им е исплатена само делумно. Во групата незадоволни, се приклучија и оние кои заминаа во пензија. Инаку, на работниците прогласени технолошки вишок, им беше ветено линеарно да да им се исплатат по 50.000 денари отпремнина. Едната рата компнијата им ја исплати, а остатокот, беше најавен, за два до три месеца, ветување дадено од раководството на компанијата, декември 2018 г.

Во прилепски „Еурокомпозит“  и оние кои останаа на работа ,60-тина  работници , и оние кои  заминаа како технолошки вишок – ниту на едните, ниту на другите не им се исполнети ветените барања. “Еурокомпозит“,која е во држава сопственост 100%, им должи на своите работниците над 700/800 илјади евра и има околу 2 милиони евра други обврски. Неодамна, Владата потенцира дека за компанијата има наједно двајца инвеститори, но засега нема најава за продажба на Еурокомпозит.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: